Академија Пандев попладнево во Банско, во пријателски меч го победи Пирин дури со 6:0. Ова беше нивна последна пријателска од подготовките во Банско, за утре е закажано враќањето на експедицијата на Академија Пандев во својата Сртрумица.
Стрелци на головите за “пандевци“ биле Велиновски кој постигнал хетрик, потоа по еден дале Мирчески, Трајков кој има само 16 години и Мартинага.
Иако Пирин не е којзнае какво мерило за моменталната форма на четата на тренерот Александар Васоски, сепак не е мала работа да се победи противникот со 6:0, па макар и на пријателски натпревар.