Алаба ќе го чини Реал Мадрид неверојатни 144 милиони евра!

569

Иако дојде како слободен играч, иако Реал Мадрид не плати за него ниту евро оштета, сепак Давид Алаба ќе ги чини “кралевите“ дури 144 милиони евра.

Денеска во германските медиуми протекоа информации за тоа колку навистина Давид Алаба е “тежок“, односно колку Флорентино Перез ќе мора да издвои во наредните пет години за репрезентативецот на Австрија и некогашен фудбалер на Баерн Минхен.

Па така Алаба во наредните пет години ќе заработи 115 милиони евра, но тоа не е се. Имено само за потпис на договорот тој треба да инкасира плус 17,7 милиони евра, неговиот менаџер Пини Захави доби од Реал 5,2 милиони евра,а семејството на Алаба доби 6,3 милиони евра.

Е, па, на здравје. Тоа се тие 144 милиони евра кои Реал Мадрид ќе го чинат за тоа што во своите редови ќе го има Давид Алаба.

ПретходноЌе потпише за Сити за 100 милиони фунти, а еве доказ колку ги мразел “граѓаните“!
СледноМиовски со супер гол ја отвори сезоната во Унгарија! (ВИДЕО)