Данска рутински против Португалија

90

Репрезентацијата на Данска рутински и без поголеми проблеми дојде до четвртата победа од исто толку мечеви од групната фаза на Олимпискиот ракометен турнир во Токио.

Засега перфектната Данска ја совлада Португалија со конечни 34:28, во меч во кој клучен беше вториот дел кој Данците го добија со 14:9.

Најјефикасен во победничкиот тим беше Хансен со девет гола, а по него Гидсен со седум.

Данска е прва со осум бода во групата Б, а Португалија засега има само два бода, од четири меча и е четврта.

 

ПретходноДваесет спортисти си одат дома поради допинг
СледноШкендија и официјално му даде отказ на Ернест Ѓока