Рускиот тенисер Карен Качанов е првиот финалист на тенискиот турнир за мажи на ЛОИ во Токио. Качанов денеска со совлада Карено-Буста од Шпанија со 2:0 по сетови.
Качанов го чека подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Зверев кој се игра во моментов и во тек е првиот сет.
Качанов досега има медал од јуниорските олимписки игри во 2014 година во дабл.