Манчестер Јунајтед на клупскиот сајт објави дека Маркус Рашфорд дефинтивно паузира до месец ноември. До тогаш тој ќе се опоравува од операцијата на рамото, која ќе ја направи летово.
Повредата на овој дел од телото го мачи напаѓачот извесно време, и тој беше дел од ЕУРО, но потоа медицинскиот тим на Јунајтед одлучи дека е време таа да се санира со оперативен зафат.