Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ е новата олимписка шампионка во тенис во женска конкуренција. Таа го освои златниот медал на Олимписките игри во сингл, откако предмалку во финалето ја совлада Вондрусова во три сета 7:5, 2:6, 6:3.
Бенчиќ устеа да го освои првиот сет со 7:5, па Вондрусова возврати со извонреден втор сет кој и припадна со убедливи 6:2.
Решавачкиот трет сет започна со брејк на Вондрусова, а потоа Бенчиќ возврати со два, па Маркета со уште еден, за искусната Швајцарка уште еднаш да успее да одговори на одличната игра на Вондрусова и да дојде до конечни 6:3.
Бенчиќ е првата Швајцарка која донесе олимписко злато во тенис за својата земја.
Belinda just won the GOLD!🥇 She is an Olympic Champion !😭😭😭🇨🇭🇨🇭🇨🇭 👏🏼👏🏼👏🏼 #Tokyo2020 pic.twitter.com/gxOimdQrjF
— #TeamBelinda (@FanOfBencic) July 31, 2021