Центарот на австралиската кошаркарска репрезентација Арон Бејнс нема да настапува за „кенгурите“ до крајот на олимпискиот турнир, потврди тамошниот кошаркарски сојуз. Причината за тоа е повреда на Бејнс за време на мечот со Италија, но и по него.
Играчот на Торонто Репторс за време на натпреварот го повреди вратот, но ситуацијата се влошила кога се лизнал во туш кабината и паднал.
„Тоа беше несреќен сплет на случувања. Падот во купатилото само ја компликува ситуацијата“, изјави главниот доктор на тимот Дејвид Хјуз.
Австралија славеше против Нигерија и Италија во досегашниот тек на групната фаза на турнирот, а првото место во групата ќе проба да го осигура денеска против Германија.