Стојоски во иста квалификациска група со својот идол

821

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски рано изутрина по средноевропско време ќе ги стартува авоите активности на Олимписките игри во Токио.

Нашиот адут на 400 метри ќе дебитира во квалификациите, и тоа не во било каква конкуренција туку во друштво со светскиот рекордер Вејд Ван Киркерк од Јужна Африка.

„До вчера ми беше идол, а утре ќе трчам со него на Олимписките игри во иста група со светскиот и олимписки рекордер“, напиша на социјалните мрежи Стојоски.

 

 

ПретходноЃоковиќ фрлаше и кршеше рекети, па го зaгуби дуелот за бронзениот медал (видео)
СледноИталија преку Нигерија до прво место на кошаркарскиот турнир