Украински репрезентативец е петтото засилување за Бенфика ова лето

385

Напаѓачот на украинската репрезентација Роман Јаремчук ќе биде нов фудбалер на португалскиот гигант Бенфика од Лисабон, пренесуваат португалските медиуми. Фудбалерот утрината пристигнал во Лисабон, а во текот на денот ќе го комплетира трансферот на „Да Луж“ од редовите на белгиски Гент.

Јаремчук премина во Гент од редовите на Динамо Киев во 2017 година, а минатата сезона украинскиот напаѓач реализира 15 гола во 27 натпревари во белгиското првенство притоа запиша и пет асистенции.

Тој беше цел и на Вулверхемптон, Арсенал, Милан и Рома, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Бенфика каде што смета дека има поголеми шанси за да изгради добра кариера.

Јаремчук ќе биде петтиот нов играч на Бенфика по Жоао Марио, Родриго Пињо, Жил Диас и Сулихо Меите.

ПретходноГеоргиевски на прием кај премиерот, Владата ја зголеми паричната награда за успехот
СледноЃоковиќ фрлаше и кршеше рекети, па го зaгуби дуелот за бронзениот медал (видео)