Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Унгарија. Возачот на Мерцедес на патеката „Хунгароринг“ стигна до третата пол-позиција оваа сезона, и 101-ва во кариерата.
Последен пат Хамилтон стартуваше како прв оваа сезона, на трката за ГН на Шпанија, која беше пред 6 трки. Неговиот тимски колега Валтери Ботас утре ќе стартува како втор, додека од тратета позиција ќе почне Макс Верстапен на Ред Бул.
Full qualifying details 👀#HungarianGP 🇭🇺 #F1 pic.twitter.com/LIBapAf4mW
— Formula 1 (@F1) July 31, 2021