Откако вчера Шкендија му врачи отказ на Ернест Ѓока, сеуште раководството на нашиот првак нема назначено нов стратег. Се преговара со неколку имиња, неколку тренери се во “игра“, но како што дознаваме, Шкендија сака да го врати Бруно Акраповиќ. Некогашниот тренер на Шкендија во перидот од 2015-2016. Тетовци со него го освоија Купот на Македонија, а играа и за првпат во плејофот во Лигата на Европа против Гент.
По престојот во Бугарија, каде беше тренер на Локо Пловдив и ЦСКА, Бруно се споменуваше и како тренер на Динамо Загреб.
Во моментов тој е без ангажман. Дали навистина тој ќе се врати во Тетово, останува да се види во наредните часови или денови.