Американците ја прегазија Чешка и потврдија место во четврфиналето

145

Соединетите Американски Држави се пласираа во четвртфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир, откако во последната рунда од групната фаза беа подобри од селекцијата на Чешка со 119:84. По поразот од Франција, Американците врза две победи за четвртфинале.

Чесите одиграа добро прво полувреме, особено во воведните 10 минути, кога водеа со 25:18. Сепак, веќе во вториот дел, избраниците на Грег Попович преземаа иницијатива, а потоа мирно го приведоа натпреварот до крај.

Извонреден беше Тејтум со 27 поени, а Кевин Дурант додаде 23.

Чесите ќе го чекаат конечниот исход од останатите групи, за да видат дали како третопласирани ќе се „пикнат“ меѓу четврфиналистите. Непоразената Франција оди директно од групата „А“ во четвртфиналето, а утре на програмата се последните натпревари во групата „Ц“. Аргентина и Јапонија ќе играат од 6.40, додека Шпанија и Словенија ќе играат од 10.20 часот.

ПретходноЛидс тргнува по Траоре од Вулверхемптон
СледноПелистер ја прифати поканата, следната сезона ќе игра во АБА 2 лигата