Како што дознаваме тимот на Академија Пандев би можел да добие големо засилување. Имено големи се шансите за “пандевци“ да потпише Дарко Мицевски, играчот за врска, кој во моментов е фудбалер на ФК Рига. Се разбира дека трансферот на Мицевски во таборот на Академија Пандев и тоа како од струмичани ќе направи тим кој би можел да се бори за висок пласман на табелата.
Со оваа најава очигледно е дека газда Горан Пандев има големи амбиции со својот тим за наредната сезона во ПМФЛ.
Да потсетиме дека Дарко Мицевски во дел од својата кариера играше и за Вардар, Работнички, Тетекс, а има и интернационална кариера. Има и настапи за нашата најдобра фудбалска репрезентација.