Ледецки го одбрани златото на 800 метри слободно, a стигна до четвртиот медал во Токио

85

Неверојатната Кејти Ледецки од Соединетите Американски Држави ја одбрани олимписката титула на 800 метри слободен стил на олимпискиот турнир во пливање во Токио. Светската шампионка и рекордерка Ледецки триумфираше во дисциплината убедливо, со време од 8:12.57 минути.

Тоа е седмо олимписки злато во кариерата на 24-годишната Американка и второ во јапонската престолнина по триумфот и на 1500 метри. Таа во Токио освои и два сребрени медали и тоа на 400 метри слободен стил и штафетната трка 4х200 слободен стил како дел од селекцијата на САД.

20-годишната Ариане Титмус од Австралија стигна до сребрениот медал и се закити со четвртото одличје во Токио по златните медали на 200 и 400 метри слободен стил и бронзата на 4х200 метри слободен стил.

Трета беше Симона Квадарела од Италија.

АВСТРАЛИЈКА ТРИУМФИРАШЕ НА 200 МЕТРИ ГРБНО

Кајли Мак Кион ја освои првата олимписка титула за Австралија во дисциплината 200 метри грбно на Игрите во Токио. 20-годишната пливачка триумфира со 2:04.68 минути и го освои второто злато во Токио по победата и на 100 метри грбно во вторникот.

Таа заостануваше дури 69 стотинки по последното свртување, но со страшен финиш успеа да заврши пред конкурентките Кајли Мос (Канада) која заврши втора и Емили Шибом (Австралија) на третото место.

ПретходноБританија со светски рекорд на 4х100 метри мешано!
СледноУште еден медал за Сан Марино на ОИ во Токио – овојпат сребрен!