Саул Нигез, играчот за врска на Атлетико Мадрид, веќе некое време зе поврзува со трансфер во Премиерлигата. И се чини дека е време тие најави да се остварат. Па така, како што денеска јавуваат медиумите во Шпанија и Англија, менаџерите на Саул во понеделник летаат за Англија каде ќе имаат разговори со Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Двата гиганти се силно заинтересирани да го имаат во своите редови еден од најдобрите фудбалери на тимот на Диего Симеоне.
Откупната клаузила за Саул изнесува 125 милиони евра, но се навестува дека Атлетико Мадрид за половина од таа сума без проблем би го пуштил.