Од надеж дека ќе освои два златни медали Новак Ѓоковиќ се соочи со реалноста дека нема да се закити со ниту едно одличје на Олимписките игри во Токио.
Откако загуби во полуфиналето со сингл, а потоа утринава и во мечот за бронза од Буста, најдобриот светски тенисер требаше да се појави во мечот за трето место во мешани двојки заедно со Нина Стојановиќ.
Сепак, тоа нема да се случи затоа што Ѓоковиќ едноставно се откажа поради премор. ОДигра десетина мечеви во само една недела, не со успех каков што посакуваше и тој повеќе очигледно нема ниту атом снага во себе во моментов.
Бронзениот медал автоматски им припаѓа на двојката Барти – Пирс.