Кошаркарскиот тим на Пелистер ја прифати поканата и ќе учествува во АБА 2 лигата следната сезона. Раководството на клубот ја потврди одлуката денеска, по добиената покана од регионалното натпреварување пред неколку дена.
Тоа значи дека битолчани ќе бидат уште еден наш кошаркарски тим кој следната сезона ќе излезе од домашната сцена и ќе се проба и во меѓунардни рамки. Пелистер заедно со МЗТ Скопје ќе ја преставува Македонија во новата сезона на АБА 2 конкуренцијата.