Со второто најдобро време во историјата на атлетиката (10.61 секунди), Илејн Томпсон го одбрани олимпиското злато од Рио на 100 метри во женска конкуренција. Во извонредна трка во која имаше неколку неверојатни спринтерки, Јамајка ја потврди доминацијата, откако и среброто и бронзата отиде на градите на нивните атлетичарки.
Шели-Ен Фрејзер-Прајс и покрај сета желба да дојде до посакуваното олимписко злато, на крајот мораше да се задоволи само со сребрениот медал, додека бронзата ја освои нивната сонародничка Шерика Џексон, која задоцни само две стотинки зад „сребрената“ Фрејзер-Прајс.
It’s Elaine Thompson Herah #GOLD #Tokyo2020 Clean sweep Jamaica 🇯🇲🇯🇲🇯🇲🇯🇲 pic.twitter.com/uvnaJHaChP
— Jovan Johnson (@jovanthony) July 31, 2021