Напаѓачот на украинската репрезентација Роман Јаремчук ќе биде нов фудбалер на португалскиот гигант Бенфика од Лисабон, пренесуваат португалските медиуми. Фудбалерот утрината пристигнал во Лисабон, а во текот на денот ќе го комплетира трансферот на „Да Луж“ од редовите на белгиски Гент.
Јаремчук премина во Гент од редовите на Динамо Киев во 2017 година, а минатата сезона украинскиот напаѓач реализира 15 гола во 27 натпревари во белгиското првенство притоа запиша и пет асистенции.
Тој беше цел и на Вулверхемптон, Арсенал, Милан и Рома, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Бенфика каде што смета дека има поголеми шанси за да изгради добра кариера.
Јаремчук ќе биде петтиот нов играч на Бенфика по Жоао Марио, Родриго Пињо, Жил Диас и Сулихо Меите.
#Benfica 🦅
TRANSFER NEWS 🔄
Roman Yaremchuk to be Benfica’s newest signing as player has arrived in Lisbon to complete transfer. pic.twitter.com/TfJh24DgHB— BENFICA SOURCE 🇺🇸 🇵🇹 (@SLBenficaUSA) July 31, 2021