Уште еден медал за Сан Марино на ОИ во Токио – овојпат сребрен!

131

Сан Марино го освои вториот медал на Олимписките игри во Токио и вториот севкупно во историјата. По бронзата на Александра Перили во индивидуален трап, сега таа во тандем со Џанмарко Берти го изгубија „тесно“ 40:41 во финалето во мешан трап на 50 метри со што им припадна само сребрениот медал.

Сепак, ова е голем успех на оваа мала европска држава, најмала која освоила медал(и) на Олимпјадите.

Инаку златото замина во рацете на шпанското дуо Фатима Галвез и Алберто Фернандез. Бронзениот медал го освои Америка преку Ен Меделин Бернау и Брајан Бароус.

ПретходноЛедецки го одбрани златото на 800 метри слободно, a стигна до четвртиот медал во Токио
СледноФаворитот за златен медал заврши во болница по страшен пад и мозочно крварење