Фаворитот за златен медал заврши во болница по страшен пад и мозочно крварење

246

Американскиот велосипедист во дисциплината BMX, Конор Филдс заврши во болница по страшниот пад за време на полуфиналната трка. Тој при скок се судри со двајца велосипедисти и падна на патеката по што му беше укажана лекарска помош поради мозочно крварење. Тој е префрлен во болница на интензивна нега каде што докторите му ја санирале повредата.

„Лекарите забележаа дека Филдс има мозочно крварење. Тие му укажаа помош на лице место, а потоа го однесоа во болница. Тој ја помина ноќта во интензивното одделение, а лекарите успеаа да го спасат и исто така не забележале други потешки повреди. Филдс е преместен во болничка соба и ќе остане во неа поради контроли, а потоа ќе биде испратен дома“, соопштија од американскиот велосипедски сојуз.

Филдс е олимписки шампион од Рио 2016.

ПретходноУште еден медал за Сан Марино на ОИ во Токио – овојпат сребрен!
СледноМалер: Прво се повреди на теренот, потоа падна под тушот и го заврши настапот на ОИ