Херојски: Се врати по тешката скршеница на черепот и веќе постигнува голови (ВИДЕО)

281

Мексиканскиот напаѓач Раул Хименез го постигна својот прв гол по успешната рехабилитација од ужасната скршеница на черепот. 30-годишниот голгетер на Вулверхемптон, денеска заигра за „волците“ на пријателски меч со Стоук и беше стрелец на голот за гостите во ремито, 1:1.

Хименез не беше на терените од ноември кога се судри со Давид Луиз од Арсенал во раната фаза на мечот. Тој се опоравуваше долго и на изненадувањ ена многумина, подготвен се појави во тренинг базата на клубот непосредно на стартот на подготовките за новата сезона.

ПретходноПелистер ја прифати поканата, следната сезона ќе игра во АБА 2 лигата
СледноНорвешка е непобедлива: Морк со 9 гола ја запре Холандија