Хрватите подобри од Србите во ватерполо дербито на ОИ

156

Ватерполистите на Хрватска славеа победа со 14:12 против селекцијата на Србија во дербито на 4.коло од групата Б на ОИ во Токио. Хрватите обезбедија место во четвртфиналето и ќе се борат за првото место во групата против Шпанија. Србите го претрпеа вториот пораз на турнирот, после оној од Шпанија.

Српските ватерполисти имаат шанса за пласман понатаму, а во следното колоиграат со уште еден сосед – Црна Гора.

Во оваа група Шпанија ја оствари и четвртата победа, а во 4.коло совладана е Австралија со 16:5. Црногорците го држат четвртото место на табелата со исто бодови како и Србија на третата позиција, а тие славеа против најслабата селекција во групата – Казахстан со 19:12.

Во групата А, Унгарија ги совлада САД со 11:8 и се искачи на првото место на табелата. Другите мечеви од оваа група, Италија – Јапонија и Јужна Африка-Грција се играат во текот на денешниот ден.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПромашување на деценијата во српската Суперлига (видео)
СледноГеоргиевски на прием кај премиерот, Владата ја зголеми паричната награда за успехот