Хрват се врати на теренот по седум месеци, но повторно се повреди

359

Хрватскиот репрезентативец Марко Рог, навистина нема среќа. Во сабота прв пат заигра за Каљари после повеќе од седум месеци по операцијата на вкрстениот лигамент. Но, неговото враќање на теренот веројатно е упропастен со нова повреда.

„Скај“ пишува дека Рог на пријателскиот меч со Аугзбург повторно го повредил коленото, а од неговиот клуб се загрижени дека станува збор за истото колено и истиот лигамент.

Каљари е поразен со 3:1, а Рог одигра до 64. минута.

ПретходноМалиот Пејчиновски повторно го исплива Св.Наум – Охрид: „Ова пливање го посветувам на мојата мајка“
Следно„Реми“ на Милан, Жиру погоди по само пет минути игра (ВИДЕО)