По двата вчерашни порази во полуфиналињата во сингл и мешани двојки, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денеска не успеа да стигне ни до бронзениот медал на Олимписките игри во Токио. Во мечот за третото место во сингл конкуренција, Ѓоковиќ изгуби во дуелот со шпанскиот тенисер Пабло Карењо-Буста.
Шпанецот го доби првиот сет со 6:4, вториот сет беше тензичен и неизвесен но Ноле се спаси во тај-брејкот и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет Карењо-Буста беше подобар и славеше со 6:3 и со тоа го доби и мечот. Ноле беше многу нервозен на теренот, а фрустрацијата ја покажа со тоа што едниот рекет со фрли во публика, а другиот го искрши мавајќи ја мрежата.
За Карењо-Буста ова е само втора победа над Ѓоковиќ во шестиот меѓусебен дуел.
На Ѓоковиќ му остана уште една шанса со медал да си замине од ОИ во Токио. Заедно со Нина Стојановиќ ќе игра за бронзениот медал против американското дуо Барти/Пирс.
Djokovic then got a warning for this. Pablo asked how he was not given a point penalty. pic.twitter.com/0MWzeZV8Y9
— . (@Ashish__TV) July 31, 2021
BRONZE for Pablito!
Pablo Carreño Busta beats the world number one Novak Djokovic 6-4, 6-7(6), 6-3 to finish 3rd in #Tokyo2020. The biggest moment of his career.
Djokovic at the #Olympics (singles):
2008 – Bronze
2012 – 4th place
2016 – 1st round
2021 – 4th place[getty] pic.twitter.com/VqEB4YdjCs
— José Morgado (@josemorgado) July 31, 2021