Белоти не сака да се пресели во Зенит

328

Иако Зенит е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, италијанскиот репрезентативец потврдил дека нема никаква намера да се сели во Русија.

Според „Калчомеркато“ напаѓачот на Торино не сака да се пресели во Русија, и покрај тоа што се уште нема конечна одлука каде би играл следната сезона.

Беше објавено дека Зенит е подготвен да плати 30 милиони евра за него, а на самиот играч му се нуди договор со плата од 4 милиони евра годишно, земајќи ги предвид и бонусите. Минатата сезона во Серија А,тој постигна 13 гола на 35 натпревари.

ПретходноБенчиќ е новата тениска олимписка кралица
СледноДарко Мицевски е “џокерот“ на Академија Пандев за следната сезона!