Георгиевски на прием кај премиерот, Владата ја зголеми паричната награда за успехот

1094

Претседателот на владата Зоран Заев утрово ги прими носителот на сребрениот медал на Летните Олимписки Игри во Токио, Дејан Георгиевски и неговите тренери Дарко Костовски и Борче Костовски.

Премиерот му се заблагодари на Дејан за радоста што им ја донесе на граѓаните и истакна дека Дејан е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат.

Премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондо спортот и другите олимписки дисциплини за кои постои широк интерес меѓу младите.

Владата ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува два милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

ПретходноХрватите подобри од Србите во ватерполо дербито на ОИ
СледноУкраински репрезентативец е петтото засилување за Бенфика ова лето