Дарио Ивановски: Еден ден ќе создадам шампиони како Дејан Георгиевски

567

Еден од нашите најдобри атлетичари, Дарио Ивановски, по повод успехот и среброто на Дејан Георгиевски во Токио, на својот ФБ напиша.

Верувам пред Дејан дека во Париз 2024 заедно ќе одиме со норма. Исто така ги уверувам тренерите Дарко Костоски и Борче Костоски дека еден ден и јас ќе создадам шампиони како Дејан Георгиевски. Таеквондо бил првиот спорт со кој сум почнал да се занимавам, и тоа уште на шестгодишна возраст. Буквално го препорачувам на сите родители да ги запишат децата со цел за правилен развој и раст на телото. Дефинитивно таеквондото ми помогна за денес нозете да ми бидат силни и издржливи во атлетиката. Ви благодарам таеквондо клуб Бутел ви благодарам за сите радости“.

ПретходноРадуловиќ-Величковиќ и Зекири најнови имиња во Пелистер!
СледноРаботнички со 3:1 славеше над Саса во “генералката“!