Двојна радост: Шведска со злато и сребро во фрлање диск

109

Двојна шведска радост на Олимпискиот стадион во Токио. Даниел Штал и Симон Петерсон успеаја да ги освојат златниот и сребрениот медал во натпреварите во фрлање диск. Со префрлени 68,90 метри во втората серија, Штал на крајот успеа да дојде до олимписклиот трон.

Скандинавската доминација ја потврди Петерсон, кој со префрлени 67,39 метри во петтата серија успеа да се закити со сребро. Бронзата отиде на градите на Австриецот Вајсхајдингер, кој за само пет сантиметри беше подобар од Австралиецот Дени и успеа да се искачи на победничкиот педестал.

Штал е актуелен светски шампион во оваа дисциплина од Доха 2019-тата.

ПретходноПрва победа на јуниорките: Триумф над Албанија
СледноШпанија со Јапонија, Бразил со Мексико во полуфиналето на ОИ (ВИДЕО)