Мешаната штафета на Полска на 4х400 метри направи вистинска сензација освојувајќи го првото злато на Олимписките игри во оваа нова атлетска дисциплина, победувајќи ги големите фаворити од САД кои на крајот останаа само бронзени.
Полјаците во состав: Залевски, Качмарек, Свити-Ерсетич и Душински, со олимписки рекорд 3:09,28 минути ги оставаи зад себе одличните атлетичари од Доминиканската република кои на крајот се закитија со сребро, додека Американската мешана штафета мораше да се задоволи со бронзата.