Македонскиот атлетичар Јован Стојоски рано изутрина по средноевропско време ќе ги стартува авоите активности на Олимписките игри во Токио.
Нашиот адут на 400 метри ќе дебитира во квалификациите, и тоа не во било каква конкуренција туку во друштво со светскиот рекордер Вејд Ван Киркерк од Јужна Африка.
„До вчера ми беше идол, а утре ќе трчам со него на Олимписките игри во иста група со светскиот и олимписки рекордер“, напиша на социјалните мрежи Стојоски.