Репрезентацијата на Шпанија е полуфиналист на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио откако ја совлада селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со конечни 5:2.
„Фуријата“ беше пред елиминација откако прими гол во судиското продолжение за 1:2, но Рага Мир слабоко во продолжението обезбеди 2:2.
Потоа Шпанија ги презема нештата во свои раце, најпрво од пенал Ојарзабал за 3:2, а потоа Рафа Мир комплетираше хет трик за конечни 5:2 за Шпанија.