Најбрзата атлетска дисциплина на 100 метри донесе големо изненадување во полуфиналето на Олимписките игри. Американецот Трејвон Бромел испадна од конкуренција за медал затоа што оствари дури десетто време во полуфиналето. Љубопитно е што во Токио дојде како најбрз човек на светот оваа година со тоа што постави време од 9,77 секунди пред еден месец. Многумина го видоа како фаворит за медал.
Но во квалификациите имаше слабо време но отиде понатаму, а во полуфиналето исто така имаше лошо време недоволно да се пробие до финалето.
А големо изненадување приреди Кинезот Су Бингтијан. Тој ги претрча 100 метри во полуфиналето за 9,83 секунди и постави нов рекорд на Азија. Истовремено ќе биде првиот спринтер во финалната трка на 100 метри на олимписките игри.
Исто така падна и европски рекорд. Натурализираниот Италијанец Марсел Ламон Џејкобс ја помина патеката за 9,84 секунди и ќе биде првиот претставник од Италија во финалето на трката на 100 метри на ОИ.
Финалето на 100 метри е во 14:50 часот.
Su Bingtian 9’83🔥🔥🔥 first yellow race ever to make 100m final. 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/coZpefzthm
— Xu_Xiaoyu (@xiaoyuonion) August 1, 2021