Штафетата на САД во состав Рајан Марфи, Мајкл Ендру, Калеб Дресел и Зак Епл го освои златниот медал, а воедни и постави нов светски рекорд од 3 минути 26 секунди и 78 стотинки во дисциплината 4Х100 мешано на Олимписките игри во Токио.
Сребрениот медал и припадна на штафетата на Велика Британија, трета беше Италија 3.29.17 минути.