Успешна “генералка“: Брегалница го победи Силекс со 3:0!

765

Попладнево на Градскиот стадион во Штип, Брегалница со 3:0 успеа да го победи второлигашот Силекс. Стрелци на головите беа Мартин Стојанов од пенал во првото полувреме. Додека во вториот дел, “сините“ постигнаа уште два гола, и тоа преку Бобан Георгиев и Љупче Кудев.

Инаку ова беше „генералка“ за момците на стратегот Марјан Секуловски во пресрет на стартот на новата сезона. Очигледно е дека штипските „сини“ сосема подготвени ја чекаат сезоната во ПМФЛ.

ПретходноНуров веќе е во Токио – Македонија во исчекување на нов медал!
СледноТиквеш во пријателски меч го совлада Детонит со 2:0!