Чешки тандем до златните медали во тенис на ЛОИ

99

Чешкиот тандем Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова се закити со златните медали на Олимписките игри во Токио откако во финалето на женскиот тениски турнир во двојки беше подобар од швајцарските тенисерки Белинда Бенчиќ и Викторија Голубиќ. Бенчиќ која го освои златото во сингл, не успеа да обезбеди уште еден златен медал во двојки. Таа со нејзината колешка се задоволија со среброто.

Инаку Крејчикова и Синиакова славеа со 2:0 во сетови (7:5 и 6:1).

ПретходноАлбан Сулејмани го засили Пелистер
СледноЗверев го „збриша“ Качанов за златото во тенис на ЛОИ!