Играчот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва, може да го напушти клубот поради трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила кој е во подготовка.
Иднината на крилниот напаѓач Рахим Стерлинг е исто така доведена во прашање, бидејќи Грилиш обично играше на иста позиција во Вила.
Договорот на Бернардо Силва со „граѓаните“ истекува летото 2025 година.
Астон Вила најверојатно ќе ја прифати понудата од 117 милиони евра од Манчестер Сити за трансфер на Грилиш. Клубот се уште нема испратено официјална потврда за трансферот, но е подготвен да одговори позитивно.