Крилниот напаѓач Албан Сулејмани е нов фудбалер на Пелистер. Битолскиот клуб го донесе Кумановецот и поранешен младински репрезентативец на Македонија како слободен фудбалер откако минатата сезона ја помина во Македонија Ѓорче Петров.
Инаку Сулејмани ја почна кариерата во Македонија ЃП, а потоа играше во Ренова, па се проба и во странство со тоа што направи трансфер во полската Легија Варшава меѓутоа играше за втората екипа, потоа и за полскиот второлигаш Погон Седлце како позајмен, албански Партизани, а во 2018 година се врати во Ренова. Играше кратко и за Струга Трим Лум, па потоа повторно за Македонија ЃП сега и во редовите на Пелистер.