Василев избра 12 кошаркари за У-18 ФИБА турнирот во Скопје

216

Дефиниран е изборот на играчи на кои селекторот Никола Василев ќе смета на претстојниот ФИБА турнир, кој од 3. до 8. август ќе се одржи во Скопје за играчи до 18 години.

На списокот се најдоа имињата на 12 кошаркари кои ќе играат турнирот во салата СРЦ „Кале“ во Скопје: Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Согласно со распоредот, нашата јуниорска машка селекција сите натпревари на собирот во Скопје ќе ги игра со почеток од 21 часот.

ПретходноШведска и го нанесе првиот пораз на Данска
СледноСкандинавска класика во четвртфиналето на ракометниот турнир во Токио