Долгопјат стана вториот Израелец во историјата со злато на ЛОИ

132

Артем Долгопјат беше најдобар во гимнастика во дисциплината партер со што го донесе првото злато за Израел на ЛОИ во Токио и второ севкупно за оваа држава во историјата. Пред него златен медал за Израел донел само Гал Фридман од ЛОИ во Атина во 2004 година.

Не знам што да кажам. Се чувствувам како да сум на небото. Сакам  да им се заблагодарам на сите за поддршката, ова е чудо. Не бев сигурен дека сум доволно спремен да донесам медал, но ова е неверојатно. Освоив злато. Горд сум што го претставувам Израел“, изјави 24-годишниот гимнастичар роден во Украина и на кого претходниот најдобар скор му беше сребрен медал на СП 2019 во Штутгарт.

Среброто е за Рајдерлеј Запата од Шпанија, а бронзата за Џао Рутенг од Кина.

ПретходноНачевски и Николов го судеа мечот во кој Норвешка ја запре Франција и осигура четвртфинале
СледноСловенците ги турнаа шпанските ѕвезди за првото место во групата