Ракометната репрезентација на Египет одлично ги одработува тековните Олимписки игри во Токио.
Во рамките од групата Б е на втората позиција со осум освоени бодови, откако рано утринава со 30:20 го совлада составот на Бахреин.
Овој меч реално беше добиен уште во првото полувреме кое Египет го доби со 15:7, а потоа само рутински го приведе мечот до крај. Најдобар стрелец Ел Ахмар со 5 гола.
На вториот дуел од од оваа група, Јапонија стигна до првиот трииумф на овој турнир над Португалија со 31:30.