Злато со нов светски рекорд: Рохас за 17 сантиметри ја „надлета“ легендарната Кравец

177

Венецуелката Јулимар Рохас е новата олимписка шампионка во трискок со резултат на новс ветски рекорд 15.67 метри. Неверојатната Венецуелка уште во првата серија го собори олимпискиот рекорд (15.41) отворено најавувајќи дека е во фантастична форма и дека сигурно ќе го нападне не само златото, туку и светскиот рекорд кој беше сопственост на Инеса Кравец од 1995 година.

Во последната шеста серија кога распределбата на медалите беше завршена, Рохас без притисок летна 17 сантиметри над досегашниот светски рекорд на Кравец и на најдобар начин покажа дека е најдобрата скокачна во трискок во историјата.

Среброто со нов национален рекорд на Португалија отиде на градите на Патрисиа Мамона (15.01), додека Шпанката Ана Пелетеиро исто така со нов национален рекорд на својата земја (14.87) долета до бронзениот медал.

ПретходноТотенхем и Аталанта се договорија за Ромеро
СледноБаршим и Тамбери го поделија златото во скок во височина