Италијанецот Џејкобс е новиот олимписки шампион на „стотка“ (ВИДЕО)

354

Натурализираниот Италијанец, Марсел Ламонт Џејкобс е сензационалниот олимписки шампион на 100 метри. Во финалето на Олимпискиотс тадион во Токио, Италијанецот истрча време 9.80 за нов европски рекорд и второ злато за Италија денеска на атлетиските натпревари, само неколку минути откако Џанмарко Тамбери освои злато во скок во височина.

Во финалната трка Џејкобс ги остави зад себе Американецот Фред Кирли (9.84) и Канаѓанецот Андре де Грас (9.89) кои на крајот се задоволија со сребрениот и бронзениот медал.

ПретходноБаршим и Тамбери го поделија златото во скок во височина
СледноЈуниорките врзаа и втора победа на ФИБА Челинџерот во Софија