Тимот на Лил е сензационален освојувач на трофејот од Супер-Купот во Франција. Лил вечерва го совлада тимот на ПСЖ со 1:0 и така дојде до трофејот.
Голот го постигна португалскиот интернационалец Шака, кој убаво погоди во мрежата на Навас.
Инаку ПСЖ играше без Нејмар, Мбапе, Рамос, Маркињос, Сарабија, Ди Марија, Донарума… Вијналдум само влезе во вториот дел.
На Икарди му беше поништен гол во вториот дел.
Голот на Лил видете го ТУКА