Откако пропадна трансферот на Џака, Рома се врти кон Делејни

244

Гранит Џака многу веројатно нема да биде дел од Рома. Играчот од средниот ред на Арсенал и „волчицата“ не се договориле, па така Џака веројатно ќе остане на „Емирати“.

Дека трансферот е веќе пропаднат, покажува фактот дека Рома веќе испратила понуда до играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Томас Делејни.

Делејни може да си замине за сума од 15 милиони евра, цифта која што е подготвен Мурињо да ја плати за да дојде до данскиот фудбалер.

ПретходноЛил го „шокираше“ ПСЖ и го освои првиот трофеј!
СледноФантастично хрватско дерби – Ристовски против Велковски 3:3