Откако денеска завршија кошаркарските натпревари од групната фаза на ЛОИ во Токио, со ждрепка веднаш беа одредени и четврфиналните двојки. Дербито на четврфиналето ќе биде дуелот меѓу Шпанија и САД.
Покрај овој дуел, Словенците кои денеска со победата над Шпанија ги избегнаа Американците, во битка за полуфиналето ќе играат со Германија. Франција оди на уште едно дерби со Италија, додека Австралија ќе се сретне со Аргентина.
КОШАРКА: ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЛОИ ТОКИО 2020
Шпанија – САД
Франција – Италија
Австралија – Аргентина
Словенија – Германија