Скандинавска класика во четвртфиналето на ракометниот турнир во Токио

188

По одигрувањето на комплетните дуели од групната фаза на машкиот ракометен турнир на ЛОИ во Токио, познати се и четврфиналните двојки. На 3 август во вторник ќе се одиграат комплетните четврфинални дуели, кои ќе ги дадат четирите селекции кои ќе се борат за медалите.

Франција во битка за полуфиналето ја доби селекцијата на Бахреин, Шведска ќе се сретне со Шпанија, додека Германците кои со победата над Бразил денеска се изборија за место во групата од осум најдобри, во четврфиналето ќе се сретнат со Египет.

Во последното честврфинале ќе играат скандинавските лути ривали, Данска и Норвешка.

РАКОМЕТ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ (М)

3. АВГУСТ (вторник)

Франција – Бахреин

Германија – Египет

Шведска – Шпанија

Данска – Норвешка

ПретходноВасилев избра 12 кошаркари за У-18 ФИБА турнирот во Скопје
СледноВаран утре пристигнува во Манчестер, но прво ќе мора да оди во карантин