Кошаркарите на Словенија го добија мечот со Шпанија со 95-87 и го освоија првото место во групата Ц, па од повластена улога ќе ја чекаат ждрепката за разигрувањето на Олимписките игри во Токио. „Фуријата“ долго време имаше водство имаше и контрола на мечот (на паузата водеа со 44-12, а во еден момент имаа и +12 поени), но Словенците се разиграа токму кога беше најпотребно. Најдоа начин како да ги запрат шпанските ѕвезди кои на оваа Олимпијада се сметани за фаворити за медал.
Словенците имаат три од три, а Шпанија остана втора. Аргентина и Јапонија се елиминирани.
Најпрецизен играч на натпреварот беше Цанцар од Словенија со 22 поени, додека Рубио уфрли 18. Сепак, многу корисен натпревар одигра Лука Дончиќ во два правци, па со 12 поени, 14 скокови и девет асистенции беше на чекор до „трипл-дабл“.