Тотенхем и Аталанта постигнаа договор за трансфер на аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро. Според медиумите, двата клуба се договориле за трансфер од 50 милиони евра плус уште 10 милиони во форма на бонуси за настап.
Ромеро се очекуваше да пристигне во понеделник во Бергамо, но доби пауза по победата на Копа Америка со Аргентина . Сепак, се очекува тој да отпатува директно во Англија и да потпише со лондончани до летото 2026 година. И Барселона беше заинтересирана, но не даде конкретна понуда, обидувајќи се да го привлече играчот на позајмица.
Минатата сезона Ромеро беше прогласен за најдобар играч на својата позиција во Серија А. Јужноамериканецот забележа 31 натпревар и 2 гола.