Во Хрватска денеска се одигра дербито меѓу Динамо Загреб и Ријека, кое заврши со фантастични 3:3. На полувремето беше 2:3, а во вториот дел шампионот успеа да израмни и да освои бод.
Динамо два пати водеше (Периќ и Мајер), Ријека два пати се враќаше со головите на Абас, за во 43. минута првпат стигне до водство преку Дрмиќ.
Сепак, во 60. минута Оршиќ постигна гол за 3:3. На крајот Динамо имаше шанси за целосен пресврт и победа, но не успеа. Една од шансите ја имаше и Ристовски.
Тој и Дарко Велковски одиграа по 90 минути, а во домашниот тим го немаше Адеми поради повреда.